Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич" ја потврди фискалната стабилност на Македонија и го задржа кредитниот рејтинг на земјата на стабилен „ББ+". Рангирањето, како што наведуваат од кредитната агенција, се базира врз подобрените проекции за економски раст на земјата, умерениот буџетски дефицит и државен долг, стабилната валута и стабилниот банкарски сектор. Според „Фич", растот на македонската економија во 2013 година, благодарение на одличните резултати во градежништвото, ќе биде 2,7%. За 2014 и 2015 година, тие предвидуваат поинтензивен раст како резултат на зголемувањето на извозот и капиталните инвестиции на Владата. Исто така, агенцијата ги нотира и странските инвестиции во технолошко индустриските зони како важен контрибутор во трговското салдо во земјава, кои сега учествуваат со една петина во вкупниот извоз.
Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич" ја потврди фискалната стабилност на Македонија и го задржа кредитниот рејтинг на земјата на стабилен „ББ+".
Рангирањето, како што наведуваат од кредитната агенција, се базира врз подобрените проекции за економски раст на земјата, умерениот буџетски дефицит и државен долг, стабилната валута и стабилниот банкарски сектор.
Според „Фич", растот на македонската економија во 2013 година, благодарение на одличните резултати во градежништвото, ќе биде 2,7%. За 2014 и 2015 година, тие предвидуваат поинтензивен раст како резултат на зголемувањето на извозот и капиталните инвестиции на Владата.
Исто така, агенцијата ги нотира и странските инвестиции во технолошко индустриските зони како важен контрибутор во трговското салдо во земјава, кои сега учествуваат со една петина во вкупниот извоз.
На среден рок, кредитната агенција „Фич" оценува дека Владата ќе ги исполни целите кои ги има дадено во фискалната стратегија, односно дека буџетскиот дефицит ќе биде во утврдените рамки од 2,6% од БДП до 2016 година.
Исто така, според прогнозите на „Фич", Европската Унија - најголемиот трговски партнер на Македонија, постепено ќе се опоравува од економската криза, што ќе влијае позитивно на трговскиот биланс на земјава.